Првиот лет од Скопје до Баден Баден полета денеска од Меѓународниот аеродром Скопје во присуство на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и координаторот за операции во ТАВ Македонија, Неџат Курт.
Линијата Скопје-Баден Баден е дел од Договорот за финансиска поддршка што го потпишаа Минстерството за транспорт и врски и авиокомпанијата Визер.
Во своето обраќање министерот Сугарески истакна дека воведувањето на новите линии се добар показател како се развива ависообраќајот во земјата.
“Вчера ја промовиравме линијата Охрид-Малме, денеска на заедничко задоволство промовираме две нови линии. Скопје – Баден Баден е новата дестинација што ја воспоставува Визер и истата е дел од Договорот за финансиска поддршка. Од денеска од Охридскиот аеродорм се воспоставува и линијата Охрид-Милано која исто така е дел од Договорот за финансиска поддршка. Како одговорна Влада, авиосообраќајот е ставен на високо ниво во нашата агенда. Крајната цел е да имаме квалитетен и безбеден авиосообраќај. Верувам дека вака поставените политики ќе ги оправда плановите на Министерството, а тоа се воспоставување на нови дестнациии за граѓаните како и зголемување на бројот на туристи”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Тој потенцираше дека во контиуитет има раст на бројот на патници на двата аеродроми.
Во првите два месеци од годинава, регистрирано е зголемување на бројот на патници за 4 проценти споредено со истиот период од минатата година.
Директорот за операции, Неџат Курт истакна дека веќе од утре ќе се воспостави и новата линија од Скопје до Бремен.
Авиокомпнијата Визер најави дека покрај овие линии, во месец јули ќе ги воспостават и летови од Скопје кон Турку ( Финска) и кон Ларнака (Кипар).