Сугарески: Општините што поскоро да достават готови проекти до Министерството

Сугарески: Општините што поскоро да достават готови проекти до Министерството

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, заедно со градоначалникот на општина Желино,  Блерим Сејдиу, денеска изврши увид во изградбата на резервоар за вода и потисен и доводен цевковод во општина Желино.

Проектот е со вредност од околу 665 илјади евра, средства обезбедени преку заем од Европската инвестициона банка.

Во изјавата за медиумите министерот Сугарески истакна дека овој проект е дел од програмска определба на Владата за обезбедување на високо ниво на покриеност на територијата на Република Македонија со водоводна и канализациона мрежа.

„Денеска заедно со градоначалникот на општина Желино, извршивме увид во изградба на цевководот и резервоарот за вода, проект кој е многу значаен за целата општина. Желино има 18 населени места од кои само во едно населено место  целосно е регулирано водоснабдувањето. Преку овој проект ќе создадеме услови да го решиме овој проблем за да овозможиме во следниот период останатите населени места нормално да бидат снабдени со вода. Инвестицијата е со вредност од 665 илјади евра, обезбедени преку заемот од Европската инвестициона банка. Како што ме информираа изведувачите и надзорот, изградбата тече согласно дадените рокови и очекуваме ова да биде завршено првиот квартал од следната година. Овој проект е дел од нашата програмска определба за обезбедување на високо ниво на покриеност на територијата на Република Македонија со водоводна и канализациона мрежа.

Во таа насока, сакам да потенцирам дека во тек е реализација на десетина проекти во вредност од 3,3 милиони евра за изградба и реконструкција на водоводи и канализации. Исто така со средства од ЕИБ, веќе се склучени договори за изградба и надзор за 11 проекти со вкупна вредност од 4,4 милиони евра, додека пак во фаза на тендерска постапка се 8 проекти со вкупна вредност од 3,9 милиони евра. Тоа што сакам да нагласам е дека на располагање остануваат околу 12 милиони евра неискористени средства од кредитната линија од ЕИБ. Затоа ги повикуваме сите општини кои се уште имаат на располагање средства да побрзаат да достават готови проекти до Министерството за да можеме да ги реализираме. Затоа апелот се однесува до сите градоначалници на кои се уште им остануваат на располагање овие пари“, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

За време на состанокот, министерот Сугарески и градоначалникот Сејдиу разговараа и за идните инфраструктурни проекти кои се предвидени да се реализираат во општина Желино со поддршка од Владата на Република Македонија.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …