Сугарески: Преземам огромна одговорност и влегувам во најважната политичка битка во мојот живот

Сугарески: Преземам огромна одговорност и влегувам во најважната политичка битка во мојот живот

Почитувани сограѓани,

Драги прилепчани,

Дозволете да ви се заблагодарам за искажаната поддршка, како и на централното раководство на СДСМ за укажаната чест да ја потврди мојата кандидатура за градоначалник на општина Прилеп.

Свесен сум дека преземам огромна одговорност и дека влегувам во најважната политичка битка во мојот живот. Доаѓа време кога целото мое искуство, стекнато знаење и вештини, ги посветувам исклучиво на мојот роден град, на Прилеп и на прилепчани.

Од денеска па натаму, ценети мои сограѓани, официјално и практично се соочуваме со предизвикот на претстојните локални избори заедно да оствариме голема и сенародна победа, во која сите ќе се вградиме и со која ќе се гордееме. Победа ЗА СИТЕ, победа НА СИТЕ!

Борбата за Прилеп секогаш била и ќе биди поголема од партиската, етничката, верската или било која друга припадност. На Град Херој како Прилеп, единствено така и му приличи. Никако поинаку.

Почитувани мои сограѓани,

Јавно се обврзувам дека нема да делам, туку ќе обединувам. Дека немам предрасуди спрема никого. Дека ги препознавам и почитувам разликите. Дека искрено ја почитувам конкуренцијата и дека сум подготвен секоја добра идеја да ја интегрирам во мојата изборна Програма. Бидејќи мојата цел е да бидам градоначалник на, без исклучок, сите граѓани на општина Прилеп.

Тргнуваме силно и непоколебливо, тимски да ја презентираме нашата визија за уште помодерен и поразвиен Прилеп. Да докажеме дека го имаме клучот за сите проблеми, дека имаме ефикасен систем за грижа на сите граѓани од градот и населените места.

Нашиот заеднички дом ќе го градиме заедно. Заедно ќе го направиме најдоброто за нашата општина!

*фб статус на Горан Сугарески, кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Прилеп

Прочитајте повеќе

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Откако Александар Николоски го обвини Венко Филипче дека ја злоупотребува професијата лекар, Филипче му порача …