Сугарески: Продолжуваат инвестициите на Министерството за транспорт и врски и Владата во Пелагонискиот регион

Силната динамика на реализација на капиталните инвестиции во Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта, продолжува на дневна основа. Тоа беше причина министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни птишта, Зоран Китанов, да извршат увид во градежните активности на патот Прилеп-Градско, на делницата Фариш-Дреново, каде се поставува вториот слој на асфалт.

Станува збор за инвестиција вредна 1.5 милиони евра, со која се рехабилитира еден од најлошите патишта во државата, на кој 40 години не биле извршени никакви посериозни реконструкции. Според најавите на министерот Сугарески, се очекува работите на овој патен правец да бидат целосно завршени во следните 10-15 денови.

„Често пати се поставува прашањето за бројот на инвестиции на Министерството за транспорт и врски и на Владата во Прилеп. Имаме обезбедено 1.2 милиони евра во делот за локални патишта и улици, сите сте сведоци дека во моментов се работи на патот од Лагово до Мариово во должина од над 8 км, привршува изградбата на патот во должина од 5 км од Волково до манастирот ‘Св.Никола’, над селото Прилепец. Се заврши патот до вештачкото езеро во колината на Прилеп, каде дополнително се работи на уште еден проект за изградба на терени за рекреација и други содржини кои ќе им служат на прилепчани. Се заврши регионалниот пат од Битола преку Тополчани до Прилеп, интензивно се работи на клучката кај ТИРЗ ‘Прилеп’, а во делот на енергетиката, се врши реконструкција на трафостаницата во Прилеп, проект вреден 1.1 милиони евра. Од тој аспект можам да кажам дека сум апсолутно задоволен од динамиката со која се работи и очекувам дека во најбрзо време, сите овие проекти кои ги споменав, ќе бидат комплетно завршени“, истакна министерот Сугарески.

Сугарески рече дека со несмален интензитет се работи и на гасификацијата, односно дека кракот од Неготино преку Прилеп до Битола, е реализиран околу 90%. Тој напомена дека после разговорот со градоначалникот Илија Јованоски, може да каже дека до крајот на летото ќе биде завршен проектот за гасификација на Прилеп и дека Општината спремна ќе го дочека огласот на Министерството за економија, за изградба на секундарната мрежа со јавно приватно партнерство.

Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов изјави дека за десетина дена работите на патниот правец Фариш-Дреново ќе бидат завршени, после што патот ќе биде обележан со хоризонтална сигнализација. Китанов најави дека следува објавување на тендер за рехабилитација на севкупниот пат од Фариш до Прилеп, кој ќе биде реконструиран и кој во целата негова должина ќе има три коловозни ленти.

„Во делот кон Битола, кај Баирот, во должина од еден километар се прават звучни бариери од најнов тип, еколошки и колоритни. Сите фундаменти се веќе завршени и нивното монтирање ќе започне кон крајот на следната недела. Постои една цела група на проекти, во кој е и регионалниот пат Битола-Меџитлија, на кој ќе биде извршена комплетна рехабилитација. Во таа група спаѓаат патишта во оштините Демих Хисар, Кичево, Крушево, Кривогаштани и Битола, која опфаќа рехабилитација на патишта во должина од околу 140 км“, истакна Китанов.

Исто така, тој потенцираше дека во проектната задача на Градежниот факултет-Скопје за автопатска делница од Прилеп до Битола, ќе биде вклучена изградба на обиколница околу Битола, со експресен пат кој ќе води до граничниот премин Меџитлија. Според Китанов, проектот треба да биде готов до крајот на ова лето, што значи дека наесен може да започне тендерската постапка.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …