Сугарески: Се работи на 90 проекти во должина од 700 километри и вредност од 850 милиони евра

Сугарески: Се работи на 90 проекти во должина од 700 километри и вредност од 850 милиони евра

Во моментов се работи на преку 90 проекти, патишта, мостови и патарини со вкупна должина од преку 700 километри и вредност од повеќе од 850 милиони евра, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на увидот во реконструкција на регионалниот пат Драчево – Орешани – Таор.

„Само преку Јавното претпријатие за државни патишта во првиот квартал реализирани се преку 50 милиони евра во изградба и реконструкција на патната мрежа во земјава. Тоа е на пример за три пати повеќе инвестиции во споредба со првиот квартал од минатата година“, рече Сугарески.

Тој додаде дека засилено се работи на гасификацијата, ја интензивирале изградбата на железницата кон Бугарија и очекува следните квартали да има силен раст на капиталните инвестиции.

„Ни претстои долга градежна сезона, очекуваме се што најавивме за изградба и реконструкција во инфраструктурата да реализираме за оваа година, и уверен сум дека ни претстои силна економска година посветена на инфраструктурата”, додаде Сугарески.

На новинарско прашање во однос на изградба на пругата кон Бугарија, Сугарески информираше дека се завршени 50 проценти од работите и дека за првата делница градежните работи сериозно се интензивирани, за втората делница се очекува до крај на годината да се избере изведувач и да почне изградбата, а за третата од Крива Паланка до бугарска граница, Министерството за финасии работи на обезбедување средства.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …