Сугарески: Системот за водоснабдување го решава деценискиот проблем на граѓаните на Гевгелија

Сугарески: Системот за водоснабдување го решава деценискиот проблем на граѓаните на Гевгелија

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на новиот водоснабдителен систем во општина Гевгелија.

Проектот е во вредност од 1, 7 милиони евра, а средствата се обезбедени од Министерството за транспорт и врски, Европската Унија, Светска Банка и општина Гевгелија.

Со пуштањето во употреба на новиот систем ќе се подобри водоснабдувањето во градот, со што ќе се реши долгогодишниот проблем на жителите на Гевгелија.

Во своето обраќање, министерот Сугарески истакна дека централната власт ќе продолжи да ги поддржува општините и во таа насока Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски ќе обезбеди 70 милиони евра за изградба и реконструкција на локалните патишта и улици и ќе обезбеди нова кредитна линија од Европската инвестициска банка за подобрување на водоводните и канализационите мрежи во сите општини.

„Нема поголема сатисфакција од тоа кога ќе видите задоволни граѓани. Токму овој систем кој денеска  официјално ќе го пуштиме во употреба е пример за тоа како треба да работи една општина за подобрување на условите за живот за своите жители. Имајќи предвид дека најгорливиот проблем на гевгеличани беше токму водата за пиење, со изградбата на овој систем очекуваме да се надмине деценискиот проблем и конечно да се подобри водоснабдувањето во градот. Министерството за транспорт и врски беше дел од овој голем проект, партиципирајќи со средства преку кредитната линија од Европската Инвестициона Банка.  Сега кога овој предизвик е надминат, очекуваме во наредниот период локалната самоуправа да работи на нови проекти за да се надградува економскиот потенцијал на Гевгелија. Ние како Влада дополнително ќе ги поддржуваме и помагаме општините, се со цел заедно да придонесеме за нивен економски раст и развој. Ако општината е богата ќе има и задоволни граѓани“, истакна Сугарески.

По повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Гевгелија, министерот Сугарески положи цвеќе на Спомен – костурницата на паднатите борци.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …