Сугарески: Во април ќе се судрат две визии за Татковината!

Сугарески: Во април ќе се судрат две визии за Татковината!

Почитувани,

После негативниот исход од Европскиот Самит, единствено логично решение се предвремени избори. Различните политички концепти за иднината на земјата треба да бидат на тест пред граѓаните.
Во април ќе се судрат две визии за Татковината!
Едната, прочитаниот концепт на ВМРО ДПМНЕ која само декларативно се залага за ЕУ и НАТО а ниту еднаш во изминативе 28 години не повлече државнички потег, ниту еднаш не го жртвуваше политичкиот рејтинг за подобро утре. Тие кратковиди и себични политичари јалово се надеваат дека уште еднаш ќе го прелажат народот, кој не им заборава дека ја третираа земјата како нивен фамилијарен имот.
Нивната визија е ловење во матно.
Кога на Татковината и се стемнува, нив да им светне. Единствените кои ликуваа што не добивме датум за преговори!
Другата, нашата визија, на чие чело стои Зоран Заев, кој среде режим ги објави бомбите, кој е непосреден учесник и на “црниот понеделник” и жртва на “крвавиот четврток”, кој не калкулираше со својот личен рејтинг туку се нафати да ги решава најгорливите прашања со соседите, за да има сигурна иднина за сегашните и идни генерации. Точно е дека не сме безгрешни, но исто така е точно дека за 2 и пол години испорачавме тоа што претходниците не можеа за 10 години. Стануваме 30-та членка на НАТО, никогаш не сме имале посилна поддршка од нашите меѓународни сојузници, инвестираме историски најмногу во инфраструктура, економијата заздравува, платите растат, воведуваме социјална правда, јавното здравство се модернизира, образованието се реструктуира, воспоставуваме неселективна правда, градиме едно општество за сите, едноставно се бориме за европските вредности.
Наша вистинска заложба се ЕУ и НАТО, како единствен вистински пат за нас. Знам, дека постојат и разочарани граѓани, уморни од чекање на кои им е преку глава од избори и препукување меѓу партиите. И тие сега велат, нема да гласаме. И нив ги разбирам во целост, со право се чувствуваат изневерени. Ќе беше фер да го истераме целиот мандат и да го исполниме до крај ветеното. Но, не секогаш работите зависат од нас. Време е да ја провериме евроатланската перспектива пред народот. Граѓаните нека одлучат кој вистински се бори за сигурна иднина а кој сака само гола власт за да си го зголеми богаството. Драги пријатели, ова не се обични избори, ова е референдум за иднината на нашата земја! Наша обврска е заедно со граѓаните да се избориме да продолжиме да се движиме по стратешкиот колосек за Татковината!

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …