Сугарески во посета на Арачиново: 70 милиони евра за реконструкција на локални патишта

Сугарески во посета на Арачиново: 70 милиони евра за реконструкција на локални патишта

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески изврши работна посета на општина Арачиново, каде оствари средба со градоначалникот на општина Арачиново, Меликије Халими.

На средбата разговараа за инфраструктурните проекти што се реализираат во општината како со поддршка од централната власт, така и проектите што ги реализира општината.

Министерот Сугарески информираше дека општина Арачиново на располагање има околу 100 илјади евра преку заемот од Европската инвестициона банка, средства што се наменети за проекти од водоводната и канализационата инфраструктура.

“Овие пари можат да се искористат за изградба на канализации и водоводи и затоа апелот е не само општина Арачиново, туку и сите други општини кои имаат на располагање средства да достават ревидирани проекти за да може да ги искористат тие пари со кои сметаме дека се од огромно значење за подобрување на условите на живот на граѓаните”, изјави министерот Сугарески.

Тој најави дека Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски ќе инвестира 70 милиони евра за изградба и реконструкција на локалните патишта во општините.

“Во изминатиот период извршивме посети на голем број на општини и детектиравме исти проблеми, а тоа е немање на доволно финаниски средства во општинските буџети за надминување со лошата состојба на локалните патишта. За таа цел Владата ќе инвестира 70 милиони евра за изградба и реконструкција на локалните патишта во општините. Секоја општина сама утврдува приоритени патишта кои ќе бидат предмет на санација и реконструкција.  Согласно утврдената методологија, секоја општина ќе има на располагање одредена сума на средства која ќе може да ги користи исклучиво за реконструкција и обнова на локалната патна мрежа”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …