Сугестии до Заев: Збогувајте се со ДУИ!

Сугестии до Заев: Збогувајте се со ДУИ!

Иако од Владата и претходно, и сега велат дека соработката со ДУИ е коректна и се темели на доверба, во јавноста има сомнежи за ваквите тврдења. Стигнуваат и јавни сугестии – Заев да се збогува со ДУИ.

Поранешниот потпретседател на СДСМ и универзитетски професор Гордан Георгиев вели дека единствено решение за рејтингот на Владата на Заев е прекинување на коалицијата со ДУИ и формирање влада со албанската опозиција која има поголем легитимитет од партијата на Али Ахмети.

„Би му се заблагодарил на ДУИ за услугите во Владата. Би преговарал со албанската опозиција која има пратеници и легитимитет во парламентот. Со 80.000 гласови на Блерим Река тие партии имаат и дополнителен изборен легитимитет и чукааат на врата на Владата. Велат, ‘тука сме, имаме капцитет’. ДУИ само паѓаат. Би си го проверил бројот на пратеници кои ме поддржуваат како премиер. Доколку се согласат албанските опозициски партии да влезат во таа влада – добро, доколку не – ќе одиме на брзи предвремени избори“, изјави вчера Георгиев во емисијата „24 анализа“.

Пријателство што трае 

Иако од Владата и претходно и сега велат дека соработката со ДУИ е коректна и се темели на доверба, во јавноста има се повеќе сомнежи во ваквите тврдења. На социјалните мрежи се коментира дека „ДУИ игра на два колосека“, дека „таа се повеќе и штети на Владата“, а деновиве следат и прашања: „Премиерот Заев најавува ‘чистка’, но дали ќе ги исчити оние кои беа во коалиција со Груевски и се уште и служат на ВМРО-ДПМНЕ?“

Сомневањата дека ДУИ од една страна учествува во Владата, а од друга шурува и со опозиција, не се нови, но добиваат потврди во практиката. На ваквите аспекти се осврна и актуелниот градоначалник на Гостивар и генерален секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари. Тој пред три дена за ДВ изјави дека и на сегашните избори повторно се покажало на дело „пријателството на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ“. Тој потсети дека тоа се видело и по прашањето за (не)одземање на имунитетот на поранешниот собраниски претседател Трајко Вељаноски побарано поради истрагата за настаните од 27-ми април 2017 година, но и на вонредните локални избори за градоначалник. Како пример за тоа го посочи епилогот во Дебар, единствената од трите општини која минатата недела доби градоначалник уште во првиот круг.

„Во Дебар се покажа дека функционира коалиција ВМРО-ДПМНЕ-ДУИ-СДСМ. Само соберете ги гласовите што таму ги освоиле Гордана Сиљановска и Стево Пендаровски, и автоматски ќе ја добиете бројката на гласови со која кандидатот на ДУИ, Хекуран Дука, победи во трката за градоначалник во првиот круг“, изјави Таравари.

(Не)случајни случувања во ИВЗ

Но, и друг настан фрли сомнеж во односите меѓу двата коалициски партнера.

По настаните во ИВЗ токму меѓу двата круга од претседателските избори, вниманието го привлече соопштението на ДУИ, во кои се апелираше „Владата, судовите и останатите државни институции да се однесуваат согласно уставните начела на автономност и независност на верските заедници и соодветно на тоа, во целост да ги почитуваат одлуките на органите и телата на ИВЗ“.

Извор: DW

Целиот текст ТУКА

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …