Денеска граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ прими донација од 4.070 силиконски лепенки, наменети за третман на лузни. Лепенките ги донираа граѓани од Словенија и една словенечка фирма, а транспортот го овозможил компанијата Белдона ММС.
„Овие медицински лепенки, во кои секоја кутија содржи 10 парчиња, се специјално наменети за третман на изгореници и чувствителни повреди на кожа. Тие претставуваат донација од хумани сограѓани и компании кои живеат и работат во Словенија, кои великодушно се приклучија на нашата мисија за помош“, истакнуваат од иницијативата.
Лепенките наскоро ќе бидат донирани на Општата болница во Кочани.
Дополнително, „Супорт Кочани“ очекува нови пратки со медицински материјали и од други земји, каде македонски иселеници се вклучуваат со поддршка.
Извор: МЕТА