Свечена академија, литературно читање и цвеќе за патронот на ООУ „Блаже Конески“

Свечена академија, литературно читање и цвеќе за патронот на ООУ „Блаже Конески“

ООУ „Блаже Конески“ од Прилеп ги започна активностите за одбележување на патрониот празник. По тој повод, вчера во училиштето се одржа Свечена седница, на која на вработените и учениците кои во изминатата година покажаа најдобри резултати, им беа доделени награди и дипломи.

Дел од чествувањата беше и Свечената академија во театарот „Војдан Чернодрински“, каде на пригодната програма и’ претходеше кратка ретроспектива на постигнатото: инфраструктурни зафати во двете училишта во висина од 5.350.000,00 денари, вложувања во професионалниот развој на вработените, подобрување на условите за работа и учење во насока на создавање квалитетна настава и образование, продуцирање трајни знаења применливи на пазарот на трудот.

Директорката на училиштето, Каролина Николоска потсети и на освоените 93 награди на регионални, државни и меѓународни натпревари, како и на бројните реализирани проекти кои придонесоа за афирмација на училиштето на пошироките простори.

„Патронот, мудрецот на македонското писмо, ни остави аманет да ги следиме неговите чекори водени од принципиелноста, мудроста, трпеливоста и неуморната енергија за работа и искажување“, велат вработените од ООУ „Блаже Конески“.

Утре, четврток 19 декември, на денот кога се навршуваат 98 години од раѓањето на Блаже Конески, вработените и учениците од училиштето кое го носи неговото име, ќе имаат литературно читање во родната куќа на Конески во с.Небрегово, а на пладне ќе положат цвеќе на неговиот споменик пред ЦК „Марко Цепенков“.

Прочитајте повеќе

УСС УКИМ со поддршка до колегите од Србија: Да се потсетиме дека неодамна и кај нас владееше режим

УСС УКИМ со поддршка до колегите од Србија: Да се потсетиме дека неодамна и кај нас владееше режим

„Да се потсетиме дека неодамна кај нас, исто така, владееше режим чија цел беше да …