Сведок: Планирано било да се влезе во Собрание, а Иванов да прогласи воена состојба

Сведок: Планирано било да се влезе во Собрание, а Иванов да прогласи воена состојба

Пратеникот, а сега обвинет Љубен Арнаудов сметал дека најдобро решение било да се отворат вратите од Собранието и толпата да влезе внатре, а потоа претседателот Ѓорге Иванов требало да прогласи вонредна состојба и да бидат уапсени одредени лица- вака сведочеше Никола Војминовски, за разговор кој го слушнали лично, ден пред Крвавиот Четврток во близина на Собранието.

Сведок: Планирано било да се влезе во Собрание, а Иванов да прогласи воена состојба

Сведокот кој денеска беше спроведен од затвор, поради издржување на казна за обидот за убиствот на Зијадин Села рече дека за планот, Арнаудов се договарал со екс министерто за внатрешни Оливер Андонов. Војминовски тврдеше дека на критичниот ден по протестите, му се јавил Арнаудов: Каде сте што правите? Ајде влегувајте!“, му рекол пратеникот. Откако добил уште еден повик, но од друго лице, се упатил во Собрание, кон пленарната сала каде што беснеела толпата.

„Внатре беше хаос. Меѓу народот имаше лица со радиоврски, со оружје, значки. Значките беа со амблем на УБК, добро го познавам амблемот, со меч е. Дел од тие лица беа од обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски. Имаше маскирани со службени значки на нив. “ – сведочеше Никола Војминовски.

Исказот на Војминовски, се обидоа да го дискредитираат дел од адвокатите, со образложение дека е неправосилно осуден за обид за убиство.

Сведокот пак Локман Селими, кој бил од единицата за брзо распределување, сведочеше дека на критичниот ден Собраниската зграда ја обезбедувал со уште 24 колеги. Имале само по еден пиштол. Кога добиле наредба да употребат шок бомби, немале. Па позајмиле од специјалната единица „ Тигри“ , за да ја пробијат толпата.

„Луѓето со маски беа тетовирани и многу силни. Ни викаа, колеги сме. Еден со маска на главата викна по толпата – дојдете со мене таму се пратениците. Ја крена фантомката за да видат кој е и толпата тргна по него“ – изјави Локман Селими.

На наредното рочиште, ќе продолжи во вторник, а треба да сведочи загрозен сведок.

Извор: 24 Вести

Прочитајте повеќе

уставен суд

Балансерот укинат, доаѓа нов Закон за правична застапеност

Претседателот на Уставен Дарко Костадиновски кажа дека балансерот како алатка е исцрпена и оти ги …