„Има една поговорка која вели: Потребно е село за да се подигне дете. Слично на тоа, потребно е едно село за да се поддржи човек во хуманитарна криза“. Ова го наведуваат Обединетите нации по повод денешниот светски ден на хуманитарната помош. Со рекордно високи хуманитарни потреби ширум светот, овогодинешниот Светски ден на хуманитарна помош се надоврзува на оваа метафора на колективен напор да се зголеми глобалната благодарност за хуманитарната работа Секогаш и секаде каде што луѓето имаат потреба, има и други кои им помагаат. Тие се самите погодени луѓе – секогаш први што реагираат кога ќе се случи катастрофа – и глобална заедница која ги поддржува додека закрепнуваат. Далеку од центарот на вниманието и надвор од насловите, тие се здружуваат за да го олеснат страдањето и да донесат надеж.
Кампањата на Светски ден на хуманитарна помош за 2022 година ги осветлува илјадниците волонтери, професионалци и луѓе погодени од криза кои обезбедуваат итна здравствена заштита, засолниште, храна, заштита, вода и многу повеќе. За оваа година е предвидено преку дигитална уметност да се раскажат приказните на луѓето на кои им е потребна и оние кои им помагаат. Во центарот на кампањата е серија на илустрирани профили на хуманитарните работници кои ја покажуваат широчината и длабочината на хуманитарната работа и колективно го симболизираат поширокото хуманитарно село.