Светски ден за заштита на животната средина

Светски ден за заштита на животната средина

Светскиот ден за заштита на животната средина се одбележува секоја година на 5  јуни преку разни активности и кампањи во целиот свет, со цел да се обрне внимание на бројните еколошки проблеми и енормната потреба од заштита на живнотната средина.

На Конференцијата за заштита на животната средина одржана во Стокхлом во 1972 година, Генералното собрание на Обединетите нации го одреди 5 јуни за светски дена за заштита на животната средина, кога 143 земји што приуствувале на конференцијата потпишале заедничка изјава за меѓународна соработка во борбата за сочување на животната средина и решавање на еколошките проблеми, од загадувањето на воздухот до глобалното затоплување.

Оваа година земја домаќин е Кина, а тема на одбележувањето беше „Победи го аерозагадувањето“.

Според Амнести Интернешнл, иако глобалниот активизам за надминување на климатската криза е засилен, бранителите или активистите за еколошките човекови права, се соочуваат со најтешки ризици за да ја заштитат својата пред сè непосредна животна средина, заедница, па се до борбата во глобални рамки.

Активистите, како што известуваат од Амнести Интернешнл, се изложени на секогаш на ризик, бидејќи моќниците мислат дека можат да се извлечат со напад, убиство и криминализација на локалните демонстранти, верувајќи дека остатокот од светот нема да обрне внимание. Затоа е и толку битно да се покаже глобалната солидарност и сите заеднички да се залагаме за бранителите на човековите права за здрава животната средина, кои ризикуваат сè да ги заштитат луѓето и планетата.

Извор: CIVIL

Прочитајте повеќе

Во акција уапсени 17 припадници на затворска полиција

Во акција уапсени 17 припадници на затворска полиција

Седумнаесет припадници на затворската полиција се уапсени во голема полициска акција, информираат од Обвинителството за …