Светски куп во параглајдинг „Пролетен меѓународен куп Крушево 2019“

Во рамките на Проектот за локална и регионална конкурентност, дел од ИПА 2 програма на ЕУ, подпроект „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“, од 26.мај до 1.јуни на Мечкин камен, Општина Крушево организира Светски куп во параглајдерство под наслов „Пролетен меѓународен куп Крушево 2019“.

Покрај натпреварувачкиот карактер натпреварот има и едукативен карактер, што значи дека Крушево ќе го посетат голем број параглајдеристи, од професионалци до аматери. На натпреварот ќе учествуваат од 120 до 150 параглајдеристи, а се очекува во Крушево да пристигнат повеќе од 500 посетители, со намера да го проследат натпреварувањето.

„Продолжуваме со имплементацијата на овој проект за развој на авантуристичкиот туризам во Крушево и дополнително ќе поттикнеме бројот на посетители да се зголемува. Светскиот куп во параглајдерство ја збогатува понудата кон посетителите и Крушево го издигнува место погоре на мапата на авантуристичките туристи од целиот свет“, изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Во рамките на подпроектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“, во моментов локалната самоуправа работи на реконструкција на спортската сала, набавка на комбе за параглајдеристите, опрема за спасувачи, изработка на интернет страница, апликација и промотивно видео.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …