насилство

Свирепо семејно насилство во битолско – ја заклучил и удирал еден час

Оштетената, не можејќи повеќе да го издржи ваквото негово насилничко однесување, посегнала по нож од кујната со кој си ги исекла вените на левата рака. Но, осомничениот продолжил свирепо да ја удира, нанесувајќи ѝ повеќе телесни повреди

Поведена е постапка против 39-годишен битолчанец осомничен за дело – Противправно лишување од слобода, како и Тешка телесна повреда (насилство), соопшти Јавното обвинителство.

На 21 октомври, при вршење семејно насилство на свиреп начин, осомничениот противправно ја затворил и држел затворена, а потоа и телесно ја повредил неговата поранешна партнерка.

Оштетената, пред нејзината куќа, влегла во неговото возило, по што тој започнал да вози и најпрво со тупаница ја удрил во пределот на главата. Потоа ја однел во неговата викендица во Нижеполе, каде насилно ја турнал, ја заклучил и додека ја држел затворена, еден час ја удирал со шлаканици, тупаници и клоци по главата и телото.

Оштетената не можејќи повеќе да го издржи ваквото негово насилничко однесување, посегнала по нож од кујната со кој си ги исекла вените на левата рака. Но, осомничениот продолжил свирепо да ја удира, нанесувајќи ѝ повеќе телесни повреди, соопштија од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор, но осомничениот е во бегство, па притворската мерка ќе започне да се спроведува сметано од денот на неговото пронаоѓање, лишување од слобода и приведување.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Градоначалничка понуда – машки свет со „проверени“ кандидати

Градоначалничка понуда – машки свет со „проверени“ кандидати

За повеќе од половина општини во земјава, познат е барем по еден кандидат за локалните …