ОВР Прилеп безбедносната состојба во Прилеп е стабилна

СВР Битола: Кривична пријава за тешка телесна повреда со последица смрт

Секторот за внатрешни работи Битола, Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп, до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против А.Ѓ.(29) и Д.Ѓ.(67) од с.Десово, општина Долнени ,заради постоење на основано сомнение дека истите извршиле кривично дело нанесување на тешка телесна повреда со последица смрт, казниво по член 131.ст.4 вв ст.1 од КЗ.

Имено пријавените  на 19.03.2022 во с.Десово физички го нападнале  Р.Л.(48) од Кичево и му нанеле тешки телесни повреди од кои подоцна починал. Р.Л. бил пронајден починат на 20.03.2022 во куќа во селото во која привремено живеел. Смрт со повреди на главата и телото констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп, а увид извршиле увидна екипа на ОВР Прилеп и Јавен обвинител. Телото по насоки на јавен Обвинител е предадено на обдукција.

Од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп истите се лишени од слобода и предадени во Основното јавно обвинителство за понатамошна постапка.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …