СВР БИТОЛА: СОВЕТИ ЗА ЗАШТИТА НА ГРАЃАНИТЕ ОД КРAЖБИ И ИЗМАМИ

Секторот за внатрешни работи Битола, го испраќа следното соопштение:

Совети за пензионери !

Се известруваат граѓаните, а посебно пензионерите дека во последниот период на подрачјето од град Битола оперираат криминални групи, кои што имаат добро осмислено сценарио за да ги измамат граѓаните и присвојат поголема против правна имотна корист. Пример: дека ваш близок предизвикал сообраќајна незгода со тешки последици и потребно е итно да му дадете поголема сума на пари на измамникот, за да вашиот роднина не заврши во затвор и сл.

Ве молиме за ваша проверка на веродостојноста на секоја информација на непознато лице кое ќе се обиде да презентира вакви или слични појави да се провери вистинитоста во целост.

Обезбедете го вашиот паричник  

  1. Внимавајте на својот паричник! Не го чувајте во задниот џеб. Доколку дојде до кражба, пријави во полиција!

Обезбедете ги Вашите дебитни и кредитни картички

  1. Чувајте ги кредитните картички одвоено од парите.
  2. Не чувајте ПИН-КОД заедно со платежни (дебитни) или кредитни картички.
  3. Доколку вашата картичка е украдена, веднаш известете ја банката и полицијата.

ВНИМАНИЕ!

Доколку го напуштате домот на подолг временски период, запознајте ги вашите соседи, роднини или блиски пријатели да внимаваат на вашиот дом додека сте отсутни.

Препорака: Јавете се на 192 доколку се случи кражба, или ако забележите друг да врши кражба или измама.

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …