Стоп Полиција

СВР Битола: Заради пребрзо возење санкционирани 29 возачи

Соопштение од СВР Битола

Во текот на вчерашниот ден, на територијата на СВР Битола полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната.

Притоа, санкционирани биле 29 возачи, од кои 11 санкции се изречени на територија на Ресен, по 7 санкции на територија на Битола и Прилеп,  а 4 на  територијата на Македонски Брод .

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …