СЗО ја следи новата варијанта на ковид-19 наречена „Му“ која може да е отпорна на вакцината

СЗО ја следи новата варијанта на ковид-19 наречена „Му“ која може да е отпорна на вакцината

Светската здравствена организација (СЗО) ја следи новата варијанта на коронавирусот, наречена „Му“, која првпат беше идентификувана во Колумбија во јануари.

СЗО во својот неделен епидемиолошки билтен за еволуцијата на пандемијата на коронавирусот, наведува дека новата варијанта со научно име Б.1.621 досега беше класифицирана како „варијанта што треба да се следи“.

СЗО прецизира дека оваа варијанта има мутации што би можеле да укажат на ризик од отпорност на вакцината и нагласи дека се потребни дополнителни студии за да се испитаат карактеристиките на овој сој на коронавирус.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Министрите од ЕУ се согласија да ги заострат санкциите кон Иран

Министрите од ЕУ се согласија да ги заострат санкциите кон Иран

На состанокот во Луксембург денеска (22 април) министрите за надворешни работи од земјите-членки на ЕУ …