СЗО предупреди на закана од глобална криза по менталното здравје предизвикана од корона вирусот

СЗО предупреди на закана од глобална криза по менталното здравје предизвикана од корона вирусот

Директорот на одделот за ментално здравје при Светската здравствена организација (СЗО), Девора Кестел предупреди дека на светот му се заканува глобална криза по менталното здравје предизвикана од пандемијата на корона вирусот.

Кестел изјави дека психолошките проблеми може да произлезат од наметнатата изолација, стравот, несигурноста, како и сиромаштијата која може да претстои поради загубата на работните места.

Најранливи групи за ментални заболувања, СЗО ги посочува децата, младите луѓе изолирани од пријатели, како и здравствените работници кои се сведоци на голем број на починати лица од корона вриусот.

Оттука, пандемијата го зголеми бројот на анксиозни и депресивни луѓе, а голем проблем е и семејното насилство, кое во Европа е зголемено за 60 проценти.

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш исто така ги повика владите, граѓанското општество и здравствените власти итно да одговорат на потребите за ментално здравје на граѓаните.

Тој предупреди дека психолошкото страдање се зголемува како резултат на „тага поради загубата на најблиските, шок поради загубата на работа, изолација и ограничувања на движењето, тешката семејна состојба и неизвесноста и стравот за иднината“.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Дали германската владејачка коалиција е пред колапс?

Дали германската владејачка коалиција е пред колапс?

Намалување на социјалната помош и подоцна пензионирање: германските либерали формулираа барања што ги налутија редовите …