Тачи: Јас и ДПА веќе нема да бидеме дел од „Европскиот фронт "

Тачи: Јас и ДПА веќе нема да бидеме дел од „Европскиот фронт “

Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи соопшти дека тој и неговата партија веќе нема да бидат дел од Коалицијата „Европски фронт”.

  • Сто дена се малку за да се анализира работата на една Влада. Причината зошто отсуствував на прес-конференцијата за стоте дена за владеењето на Владата организирана од „Европски фронт“ е поради тоа што јас и ДПА веќе нема да бидеме дел од Фронтот, рече Тачи во телевизиско гостување на Телевизија Клан Македонија.

Мендух Тачи беше кандидат за пратеник на „Европскиот фронт“ во Изборната единица 6. Со неговото заминување, коалицијата ќе падне на 17 пратеника во Собранието.

Пратеничката група на Коалицијата „Европски фронт“ функционира во полн состав, истакна вчера координаторот на пратеничката група Блерим Беџети, одговарајќи на новинарско прашање околу наводите во медиуми дека претстедателот и пратеник на ДПА, Мендух Тачи се повлекува од коалицијата.

Прочитајте повеќе

Граѓаните не се идентификуваат со партиите, покажува истражувањето на КИИС

Граѓаните не се идентификуваат со партиите, покажува истражувањето на КИИС

Иако С. Македонија предничи во меѓународни рамки по бројот на членови во партиските организации, граѓаните …