Тајниот план на Груевски за македонски офшор се правел со лондонска фирма која перела пари за Иран

Тајниот план на Груевски за македонски офшор се правел со лондонска фирма која перела пари за Иран

Протечените емаил пораки од лондонската фирма Formation House покажуваат како Груевски планирал офшор зона во Македонија по примерот на Гамбија. Требало да се вика Трејд Парк Македонија. Лажни банки и тајна регистрација на фирми се дел од сценариото дизајнирано од лондонскиот консалтинг чијшто основач беше обвинет дека перел пари за ирански нафтени компании кои биле под санкции на САД и ЕУ, за шведскиот организиран криминал и низа светски измамници. Идејата се рекламирала како одлична за парите на светските криминалци кои сакале да останат надвор од радарот на ЕУ и САД.

Овие наоди доаѓаат од протечените документи од британската консултантска куќа Formation House. Масивниот проток на електронски комуникации и документи им беше даден на новинари од целиот свет кои по месеци работа, од денеска низ светот почнуваат да ги објавуваат своите приказни колективно и во стилот на Панама Пејперс  под називот #29 Leaks. Името 29 е асоцијација од 29 Харли Стрит, адресата на којашто се наоѓа оваа фирма во богатиот лондонски кварт. Документите им беа дадени на новинарите од страна на таканаречената неформална група активисти The Distributed Denial of Secrets.  Тие не открија како ги добиле документите и кој е дошепнувачот, а сите документи ќе ги објават јавно откако новинарите ќе ги завршат своите проверки.

Пеколен план

Кога поранешниот премиер на Северна Македонија Никола Груевски започна да прави забрзани планови за да создаде безданочна финансиска зона, владините критичари, па дури и некои поддржувачи беа вознемирени и зачудени.

Протечените документи наречени 29leaks сега откриваат дека поддржувачите на проектот правеле заговор со Лондон за да изнајдат финансиска зона на периферијата на главниот град, Скопје. Таа зона требала да биде надвор од очите на домашните и меѓународните фактори.

Беше 2014 година и серија скандали поврзани со корупција предизвикаа голем гнев, што експлодира во масовни демонстрации следната година. Планот на премиерот за автономна трговска зона на некои им звучеше како дозвола да изврши уште еден финансиски криминал.

Штурите информации во јавноста за проектот беа уште позагрижувачки. Сега, благодарение на низа е-маил пораки добиени од активистите од The Distributed Denial of Secrets на тајните и споделени со Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција (ОCCRP) , планот на Груевски и неговите соработници може да биде откриен.

Шемата беше оркестрирана од Formation House, лондонска фирма чиј што основач, Надим Кан, во април 2014 беше обвинет за перење на пари. Но, тој сепак беше решен да создаде тајни финансиски зони во околу десетина земји, особено на Балканот и во Африка.

Во е-маил одговор на прашањата на новинарите, сегашниот сопственик на лондонската фирма Formation House, Шарлот Павар, рече дека протечените податоци биле пријавени како украдени и дека фирмата се соочила со обиди за изнудување. Таа не достави докази за да ги поддржи овие тврдења.

Кешот  од внатрешни документи вклучува голем број на маркетинг презентации за т.н. „трговски паркови“, од кои едниот ветува: „Обезбедена е тотална анонимност, без видливост за САД или меѓународните институции“.

Меѓу наводните придобивки од зоната би бил регистар кој би дозволувал компаниите да се формираат без надзор од државата или меѓународни власти. Освен регистер, таму би имало и мали банки. Регистерот и слободната трговска зона ќе бидат управувани како мини-држава во рамките на една држава од страна на сопствениците на Formations House , што докажуваат и документите и интервјуата со сегашни и поранешни функционери кои ги доби и направи ИРЛ.

Иако овие детали беа сокриени од јавноста, но и тогаш, дури и оние информации кои што се објавија беа доволни за да предизвикаат доволно загриженост.

„Тогаш мислев дека е шега“, вели сегашниот премиер Зоран Заев.

Како што напредуваа плановите за безданочната зона, така се посилен беше притисокот од опозициските партии кон Владата на Груевски за серија скандали, вклучително и перење пари од зделки спонзорирани од државата, кои вклучуваа големи шеми со анонимни оф-шор компании.

„Се чини дека било лудост во таква состојба да се каже:„ Ние сакаме да направиме оф-шор зона овде, што велите за тоа? “Бев зачуден“, вели Заев.

Идејата ќе значеше промена на Уставот на земјата со цел да се овозможи автономно тело да управува со оф-шор зоната. Но, тоа го вклучи алармот во Венецијанската комисија која е советодавно правно тело на Советот на Европа.

„Доколку сите закони (освен кривичните закони) треба да се донесат и спроведат од тело или фирма задолжено да ја менаџира зоната, а не од законодавецот и извршната власт, тогаш оваа зона станува еден вид„ Држава во држава “ и одделена од постоечката уставна структура“, напишаа од Венецијанската комисија во правно мислење од 2014 година.

Тоа тело требало да биде компанијата Formation House. По локации за офшор зоната се трагало во Охрид и во Скопје. Но, бидејќи менаџерите сакале да градат и станови за странците кои би работел во зоната, на крајот “победила” касарната Илинден. Би важеле други закони, не и македонските.

Комисијата предупреди дека зоната може да стане „засолниште за валкани пари “.

Во декември 2016 година даночните и царинските органи во Велика Британија го предупредија Formations House дека не се придржува кон законите за спречување на перење пари и фирмата може да се соочи со кривично гонење.

 Во потрага по инвеститори

Идејата за слободна трговска зона дојде со цел владата на Груевски да ја промовира Македонија како магнет за странски инвестиции. Во 2011 година, официјалните владини претставници беа испратени низ целиот свет за да се сретнат со потенцијалните инвеститори.

Еден од тие претставници беше Оливер Сем, кој беше одговорен за прашања поврзани со Велика Британија во македонската владина агенција за привлекување на странски инвестиции. Тој со актуелната сопственичка Павар се запознал во Лондон. Во тоа време, компанијата ја водеше нејзиниот татко Кан, а подоцна во 2014 година тој беше обвинет за перење на пари. Саша Грујевски е уште едно лице од Македонија кое што се појавува во електронските преписки помеѓу владата и Шарлат Павар и други лица од компанијата во Лондон, заедно со Оливер Сем и уште неколку владини службеници.

Според вклучените лица во владата во овој план Павар предложила голем број на опции, но вниманието на Груевски му го привлекла финансиската зона. Премиерот тогаш испрати двајца функционери, меѓу кои и тогашниот министер за финансии, Зоран Ставрески, да се сретнат со Павар. Медиумите објавија за неговата посета на Велика Британија во февруари 2015 година.

Во периодот потоа Павар ја посетува Македонија неколку пати, заедно со Дариус Кан, нејзиниот тогаш 23-годишен брат. Тука имале средби со повеќе официјални лица, вклучувајќи ги Никола Груевски, Зоран Ставрески и Иво Ивановски, екс министерот за информатичко општество.

На 25 февруари 2015 година, Кан се јави на Фејсбук од лондонскиот аеродром Лутон и напиша дека треба да се сретне со високи официјални лица од Македонија. На 13.05.2015 година, Павар објави селфи под кое напиша:

„По средбата со премиерот!“.

Тајниот план на Груевски за македонски офшор се правел со лондонска фирма која перела пари за ИранВо коментарите под фотографијата таа објаснува дека премиерот е од земја различна од Велика Британија, додавајќи дека „бил многу пријателски расположен!“

Неколку дена подоцна, таа објави фотографија од црква во Македонија.

Извор: ИРЛ

Целиот текст ТУКА

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …