Талат Џафери во судница препозна петмина од напаѓачите на Села

Талат Џафери во судница препозна петмина од напаѓачите на Села

Претседателот на Собранието, Талат Џафери како сведок за обидот за убиство на Зијадин Села во парламентот на 27 април лани, препозна пет од 10-те обвинети, кои на денешното судење во Основниот суд Скопје 1 беа донесени од притвор.

Џафери ги посочи обвинетите Стојан Павлески, Андреј Мицов, Николче Димитриевски, Кире Ѓорѓиевски и Оливер Ошавковски.

-Тие беа првите кои влегоа во прес-салата на Собранието и меѓу првите кои почнаа да ги напаѓаат присутните. Ова го тврдам со целосна одговорност – рече Џафери на прашање на адвокатот на оштетениот Зијадин Села, Абедин Абдули.

Претходно, собранискиот спикер сведочеше што зборувале напаѓачите во Собранието.

-Додека зборував кратко на мобилниот со фамилијата, Села го снема. Не беше до мене. Во салата не забележав видливи повреди кај Села. Помислив обезбедувањето го извлекло. Но, набргу некој од напаѓачите рече: Со Села завршивме, редот е на вас. Сите ќе потпишете изјави дека нема да го прифатите новото парламентарно мнозинство – рече Џафери.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …