Талески: Сезоната за наводнување заврши, ќе се менува испустниот вентил на браната што е од безбедносно значење за Прилеп

Талески: Сезоната за наводнување заврши, ќе се менува испустниот вентил на браната што е од безбедносно значење за Прилеп

„Во петокот на 6.септември, заврши годинешната сезона за наводнување, а причината поради која таа споредено со претходните завршува порано, е продолжувањето на втората фаза и активностите од проектот ‘Промена на темелен испуст на брана“, соопшти на денешната прес конференција Ѕвонко Талески, директор на АД „Водостопанство на РСМ“, подружница „Прилепско поле“.

Талески напомена дека поради неповолните временски услови, во јануари 2019 година биле запрени активностите за промена на испустниот вентил,  а со цел да се собере секоја капка вода во акумулацијата и да има успешна сезона за наводнување за тековната година. Тоа, како што тој потенцираше Талески, било постигнато со натчовечки напори на вработените.

Дополнително, директорот на „Прилепско поле“ информираше дека оваа недела ќе продолжат работите околу проектот „Промена на темелен испуст на брана“, со што долгорочно се решава проблемот со испустниот вентил за водата од вештачката акумулација „Прилеп“.

„Во текот на оваа недела фирмата изведувач ‘Жикол’ ќе ги продолжи активностите околу завршувањето на проектот, а од понеделеник пристигнуваат подизведувачите од компанијата ‘Нишкав’, кои се задолжени за монтажа на хидромеханичката опрема. Конечно ќе биде решен овој горлив проблем, што е од круцијално значење за Прилеп. Значи, се врши промена на темелен испуст на брана, тоа е главниот вентил, а на негово место од сега ќе има два вентила – еден сигурносен, односно конусен и еден лептирест вентил“, изјави Талески.

Талески потенцираше дека прилепската подружница на АД „Водостопанство на РСМ“ стопанисува само со водата во акумулацијата, додека за рибниот фонд во езерото е задолжен концесионер, којшто бил известен за стартот на проектот и дека треба да изврши навремена дислокација на рибниот фонд.

„До крајот на овој месец ќе завршат сите активности, ќе биде заменет испустниот вентил, а од октомври започнува да се полни акумулацијата, односно да се собира секоја капка вода, а се’ со цел во 2020 година да имаме успешна сезона за наводнување“, нагласи  директорот на „Прилепско поле“, Ѕвонко Талески.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …