Талевски: Господине Тошковски, заради направените пропусти на МВР во трагедијата во Кочани – овде и сега поднесете неотповиклива оставка

Талевски: Господине Тошковски, заради направените пропусти на МВР во трагедијата во Кочани – овде и сега поднесете неотповиклива оставка

Пратеникот на СДСМ, Миле Талевски, го повика министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, да си поднесе оставка.

Иако на седницата посветена на собраниски прашања Талевски постави конкретни прашања за сите институционални и системски пропусти на МВР за трагедијата во Кочани, министерот Тошковски избегна да даде конкретни одговори.

  • Министре Тошковски, 15 месеци сте министер за внатрешни работи и уште не знаете каде се наоѓате и која функција ја извршувате. Овде, во ова Собрание сте избрани да одговарате на прашања, а не да поставувате прашања. Избегнавте да дадете одговор на сите прашања што ви ги поставивме. Според Законот за јавни собири, сте имале обврска да постапите според фактите што ви ги споменав. Ако не сте постапиле и ве боли, тоа е ваш проблем. Граѓаните бараат одговори на прашања, а не да држите овде политички говори и памфлети. Вака може да се однесувате во Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, но овде сте должни да им одговорите на граѓаните. Имавте шанса на 16 март вечерта да поднесете неотповиклива оставка, но бидејќи тоа не го направивте, еве сега направете го тоа овде, во македонското Собрание. Пред пратениците што ве избраа и пред претседателот на Владата што ве предложи, поднесете неотповиклива оставка од морални причини, поради направените пропусти, но и затоа што не дадовте никакви одговори за фактите што ви ги дадовме во Собранието, поврзани со трагедијата во Кочани, рече Талевски.

Прочитајте повеќе

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка

СДСМ: Обвинителството да го истражи скандалот со Стефковски и да утврди одговорност за сите

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка Скандалот со братот на градоначалникот Бобан Стефковски …