Талевски: На повидок е голема изборна измама на ВМРО-ДПМНЕ

Талевски: На повидок е голема изборна измама на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот на СДСМ, Миле Талевски во емисијата „Анализа“ на 24 ТВ, нагласи дека на повидок е изборна измама којашто ВМРО-ДПМНЕ ја направи спрема граѓаните.

„Суштината е како помина конститутивната седница, која навестува дека е на повидок една голема изборна измама на ВМРО-ДПМНЕ, имајќи во предвид дека на граѓаните им кажуваа дека носителите на високите позиции, меѓу кои и претседателот на Собранието ќе бидат од македонска националност. Ги излажаа дека ќе го променат Преспанскиот договор, за да сега пред целиот македонски аудиториум од страна на ВМРО-ДПМНЕ биде кажано дека не само дека тоа е нова реалност, туку дека Република Северна Македонија ќе им биде во целокупнато институционално претставување на функционерите. Тоа е лицемерието. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одеше и викаше ‘Никогаш Северна’, а сега се случува токму спротивното. Тоа е лицемерието, тоа е изборната лага на ДПМНЕ“, нагласи Талевски..

Во врска со положувањето заклетва од страна на Гаши, Талевски истакна дека не смее да се дозволи Уставот да се прекршува.

„Реагиравме од СДСМ и нашата потпретседателка излезе со конкретна претставка со тоа дека беше прекршен Уставот на државата, затоа што официјален јазик во Република Северна Македонија е македонскиот јазик. Значи заклетвата на сите избрани функционери, без разлика кој од која политичка партија доаѓа, дали е од една или друга националност, има обврска заклетвата да ја прочита на македонски јазик. Тоа вчера не се случи“, посочи пратеникот на СДСМ, Миле Талевски.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со истите оние кои до скоро ги навредуваа и запраша дали има политичка корупција од страна на ВМРО-ДПМНЕ кон Таравари.

„Видовме дека тие немаат никаков принципиелен став, а знаеме што зборуваше ВМРО-ДПМНЕ кога Таравари влезе во влада со СДСМ. Од страна на потпретседателот на ДПМНЕ Александар Николовски, истиот тој Таравари кој сега е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ беше обвинет за политичка корупција. Дали сега има политичка корупција од страна на ВМРО-ДПМНЕ кон Таравари?“ нагласи Талески, во емисијата „Анализа“ на ТВ 24.

Прочитајте повеќе

полиција полицајци

Двајца полицајци се сомничат дека примиле поткуп за да не констатираат сообраќаен прекршок

Тие се сомничат дека на 04.07.2024 околу 23.00 часот на ул.„Даме Груев“ во Скопје, при …