Талевски: Неспособноста на Јовчески, е вистинската причина за неговото бегање од медиумските соочувања

Почитувани,

Денеска стигна уште една потврда на она што веќе го знае целата прилепска јавност, дека кандидатот за градоначалник од редовите на ДПМНЕ, Борче Јовчески, ќе измисли секакви изговори само да не се појави на медиумско соочување со Горан Сугарески.

Имено, Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека е поднесена кривична пријава против лицето кое преку „Фејсбук“ упатило закани кон Борче Јовчески и неговото семејство, како и тоа дека веднаш се преземени мерки и случајот е расчистен.

Со ова, се расчистуваат сите дилеми за причините на неговото бегство од медиумските дебати со противкандидатите.

Борче Јовчески нема ниту храброст, ниту капацитет да ги соочи своите аргументи за иднината на Прилеп, со другите кандидати за градоначалник.

Очигледно човекот „залутал“ во политиката и е свесен за сопствената неспособност за извршување на една вака одговорна функција, како што е градоначалник на општината.

Нема друго логичко објаснување за небулозите кои ги наведе како причини за одбивање учество на ТВ дебатите.

Паѓаат во вода сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ да ја прикрие очигледната неспособност и инфериорност на нивниот кандидат, во однос на другите кандидати.

Почитувани граѓани,

Секој оној кој претендира да биде прв човек на градот, мора да покаже лидерство и спремност да се соочи со предизвиците и проблемите.

Она што го нуди ВМРО-ДПМНЕ е обичен кукавичлук и бегање. Признавање на поразот, кој дефинитивно им следува.

Затоа, на 17 октомври ќе победат, храброста, мотивираноста и одлучноста. Тоа се карактеристики кои се симбол на СДСМ и на идниот градоначалник на Прилеп,  Горан Сугарески.

Прочитајте повеќе

Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

Носителот на листата за пратеници на СДСМ и коалицијата во Изборна единица 4, Венко Филипче …