Талевски: Пратениците да го поддржат Законот за служба во Армијата, кој обезбедува подобри услови за работа и пензионирање

Талевски: Пратениците да го поддржат Законот за служба во Армијата, кој обезбедува подобри услови за работа и пензионирање

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ

Почитувани,

Денеска пред пратениците на пленарна седница е Законот за служба во Армијата, закон кој е важен за вработените во Армијата и одбраната а кој една година свесно и намерно беше блокиран од опозицијата.

Со овој Закон се сериозно се подобруваат условите за работа, но и за пензионирање на припадниците на Армијата.

За професионалните војници на кои им престанува работниот однос со навршување на 45 години возраст, овој Закон пропишува обезбедување на испратнина односно еднократен надоместок во висина на две просечни плати. но не помалку од 1000 евра во денарска противвредност, за секоја година помината на служба во Армијата.

Ова значи дека дел од војниците имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина при пензионирање.

Во делот на пензиите, се утврдува нова пресметка на износот на пензија на воениот и цивилниот персонал кој правото на пензија го стекнал од моментот на формирање на Армијата, да изнесува 80% од просечната нето-плата што ја остварил во текот на најповолните десет години од пензискиот стаж.

Припадниците на Армијата правото на пензија

Преку измените на Законот се воведува нова методологија за пресметка на платите во која влегуваат минималната плата бодовите според чинот, должноста, работното искуство и армискиот додаток.

Истовремено се прави исчекор и во делот на исплата на трошоци за станбено обезбедување за целокупниот активен воен и цивилен персонал кој има засновано работен однос во Армијата, без разлика дали е тоа на определено или на неопределено време.

Почитувани,

Ова се само дел од придобивките за вработените во Армијата и одбраната што ги обезбедуваме со ова законско решение.

Аплирам до сите пратеници без разлика на нивната партиска припадност да го поддржат Законот за служба во Армијата, со кој обезбедуваме подобри услови за работа и пензионирање на војниците.

Ние како парламентарно мнозинство ќе продолжиме со реализација на законски решенија кои овозможуваат припадниците на Армијата да имаат слични или исти услови за работа како и нивните колеги од армиите кои се дел од НАТО Алијансата.

Прочитајте повеќе

СДСМ лого

СДСМ: Во новиот мандат европски систем за правда и целосен ветинг во новиот мандат

Соопштение за јавност на СДСМ Клучна определба во новиот мандат на СДСМ е европски систем …