Талевски: Тутунарите ги добија субвенциите, навремено и неселективно

Талевски: Тутунарите ги добија субвенциите, навремено и неселективно

Прес конференција на Миле Талевски – Претседател на ОО СДСМ Прилеп

Почитувани граѓани,

СДСМ продолжува со вистинска грижа и поддршка за земјоделството и земјоделците.

Исплатени се субвенциите за произведен и предаден тутун од реколтата 2020 година.

На сметките на над 28.000 тутунари се уплатени субвенции од 1.7 милијарди денари.

Оваа поддршка доаѓа во вистински момент за тутунарите, кои стартуваат со новата производствена сезона.

Трудот на земјоделците се цени и се плаќа. Од почетокот на годината, по различни основи се исплатени речиси 3,5 милијарди денари субвенции.

Во тек е аплицирањето за новата програма за финансиска поддршка на земјоделството за 2021 година.

Досега се поднесени речиси 46.000 апликации, а рокот за поднесување на барањата е продолжен до 31 јуни оваа година.

И покрај пандемијата, која предизвика здравствена и економска криза продолжуваме со транспарентна и неселективна исплата на поддршката за македонското земјоделство.

СДСМ како одговорна партија продолжува со креирање мерки и политики за унапредување на земјоделското производство.

Прочитајте повеќе

Филипче

Д-р Венко Филипче: Граѓаните во мене како пратеник ќе имаат партнер и другар, а мојата врата ќе биде отворена

Контактот со граѓаните и грижата за нивните проблеми нема да заврши на денот кога ќе …