Одговор на новинарско прашање на Миле Талевски, пратеник на СДСМ
Иако помпезно се највуваа 250 милиони евра поддршка за општините од страна на власта, гледаме дека се доделени само 65 милиони евра.
Значи, ниту најавените 250 милиони евра поддршка на општините ќе се реализираат, ниту пак до крајот на годината ќе им се распределат 100 милиони евра.
Се покажа дека ова е уште една лага на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, уште едно разочарување и неисполнето ветување.