Талевски: ВМРО-ДПМНЕ ги зголемува сметките и давачките, СДСМ ги враќа парите кај граѓаните

Талевски: ВМРО-ДПМНЕ ги зголемува сметките и давачките, СДСМ ги враќа парите кај граѓаните

„Во изминатиот период, Владата предводена од СДСМ и Коалицијата преку ресорните министерства и државните органи покажа што значи вистинска и неселективна поддршка за сите плански региони и сите општини во нашата држава. Финансирањето на проектите се базираше исклучиво врз основа на потребите и интересите на граѓаните, а не според тоа на која политичка партија припаѓаат градоначалниците или кој го има мнозинството во Советите на општините“, нагласи од собраниската говорница пратеникот на СДСМ, Миле Талевски.

„За тоа колку е важна соработката меѓу централната и локалната власт, односно меѓу Министерството за локална самоуправа и општините, можат да потврдат граѓаните на Прилеп“, рече Талевски.

Како поважни реализирани проекти со средства од централната власт во Прилеп, Талевски ги наведе изградбата на клучката кај ТИРЗ „Прилеп“ во вредност од околу 6 милиони евра, изградба на ИКТ Центарот кај прилепската касарна во вредност од 11 милиони, реконструкција на патот до Прилепското езеро, спортско-рекреативниот комплекс со бројни содржини, реконструираниот пат за Мариово, асфалтирање на патот до манастирот „Св.Никола“ во Прилепец, како и реконструкцијата на регионалниот пат Прилеп – Тополчани – Битола во должина од 15,5 километри.

„Поддршката од централната власт не изостанува ниту сега, кога градоначалникот е од ВМРО-ДПМНЕ, но имаме тотално неспособен градоначалник на општина Прилеп, кој за една година единствено нешто што го направи, е тоа што се сликаше со противпожарното возило што го доби како донација од Владата“, рече Талевски.

Тој нагласи дека градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ како свој сопствен го присвои проектот за водоснабдување „Пашоски ливади“, обезбеден од Владата на СДСМ со средства од ТАВ програмата.

Талевски истакна дека градоначалникот на Прилеп треба да им одговори на граѓаните зошто не се реализирани проектите за кои Владата на СДСМ обезбеди средства: за реконструкција на улицата „Леце Котески“, водоснабдување на манастирот Трескавец, урбанизација на 30 населени места во општина Прилеп и зошто не е пуштена во употреба новата детска градинка во населбата Точила, една од најмодерните и најубавите во државата.

„Благодарние на неговата неспособност, не се завршуваат и пуштаат во употреба ниту завршените проекти на СДСМ, а камоли да се започнат нови. Така е со градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во целата државата, тотална катастрофа, фијаско од невидени размери, од илјадниците кои ги ветуваа немаат започнато ниеден проект“, нагласи Талевски.

Тој истакна дека Мицкоски и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ за само една година создадоа хаос, нефункционални јавни претпријатија, поскапи услуги за граѓаните, нема инвестиции, нема развој нема поддршка на спортот, кај што има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ има само кавги за тендери, рацете во медот, расправии за влијанија и ништо друго.

„Тоа е резултатот на шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски. За разлика од нив, Владата на СДСМ успешно менаџира со кризата, ги покачи пензиите, во време на криза обезбеди два пакети мерки за помош од 750.000 милиони евра, што претставува 5 отсто од БДП и е најголема помош меѓу државите од регионот. ВМРО-ДПМНЕ земаат од граѓаните, зголемуваат сметки и давачки, а СДСМ ги враќа парите назад кај граѓаните“, истакна пратеникот на СДСМ, Миле Талевски.

Прочитајте повеќе

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Откако Александар Николоски го обвини Венко Филипче дека ја злоупотребува професијата лекар, Филипче му порача …