Миле Талевски

Талевски: ВМРО-ДПМНЕ ја замајува јавноста, нивни активисти се и напаѓачи и нападнати

  • ВМРО-ДПМНЕ има проблем со сопствениот идентитет. Кое е тоа лицемерие да зборуваат за инцидентот што се случи, кога нивни активисти се и напаѓачи и нападнати, истакна пратеникот на СДСМ, Миле Талевски во емисијата „24 Анализа“ на ТВ 24.

Талевски запраша што ќе преземе ВМРО-ДПМНЕ за смирување на тензијата и вклучување во евроинтегративниот процес, дали ќе се дистанцира од овие личности и дали ги повикале на одговорност.

  • Кога зборуваме за национализам во Бугарија, имаме во државата националистички партии кои декларираат, провенираат и презентираат нациоанализам во државата, тоа се Левица и ВМРО- ДПМНЕ како привезок на Левица, рече Талевски, додавајќи дека, Левица и ВМРО-ДПМНЕ се натпреваруваат кој ќе каже порадикални изјави и ќе преземе порадикални активности.

Талевски ги повика ВМРО-ДПМНЕ да се вклучат во евроинтегративниот процес, со оглед на тоа дека државата ја реализираше стратешката цел за членство во НАТО, а сега преостанува реализација на втората клучна стратешка цел – членството во ЕУ.

  • Нема алтерантива на патот којшто е зацртан, ВМРО-ДПМНЕ треба да најде храброст и сила да гласа за уставните измени, со тоа се прави јасна дистинкција меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Сега теба да преовлада разумот. И во ВМРО-ДПМНЕ има лица кои го сакаат евроинтегративниот процес, истакна пратеникот на СДСМ, Миле Талевски.

Прочитајте повеќе

Социјални медиуми

Инфлуенсерите со повеќе од 10.000 следбеници треба да се регистрираат во АВМУ

Со измените на медиумската легислатива што стапија на сила во јули 2023 година, за првпат …