Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани,
ВМРО тендерска ДПМНЕ удира по џебот на граѓаните во време на најголема светска економска криза.
Градоначалникот Борче Јовчевски и советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп ги поскапеа комуналните услуги за дури 67 %, јавниот превоз за 50 % и водата за 23 % во ек на криза.
Повеќе од 11 часа, советничката група на СДСМ и коалицијата се бореше за интересите на граѓаните, преку амандмани и барања за повлекување на точките го бранеше економскиот стандард на жителите на Прилеп.
Но ВМРО-ДПМНЕ со мнозинството во Советот донесе одлука комуналните услуги и јавниот превоз во Прилеп значително да поскапат.
Неспособноста на директорите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои очигледно брцкале со рацете во медот, ги доведе јавните претпријатија до колапс.
Сега, таа неспособност треба да ја плаќаат граѓаните на Прилеп.
Никаква промена нема во ВМРО-ДПМНЕ, партијата предводена од Мицкоски не се грижи за граѓаните, туку важни ѝ се само интересите на одредени бизнис групи.
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување за граѓаните.