Талевски: За само три години, ја извадивме државата на прав пат, можеме уште повеќе, уште подобро!

Прес конференција

Миле Талевски – Кандидат за пратеник на СДСМ во Изборна единица 4

Почитувани,

За само три години, покажавме како се сака државата и како се работи исклучиво за интересите на граѓаните.

За само три години, направивме пресврт на подобро, ја извадивме државата на прав пат. Но, во следните 4 години можеме уште повеќе и уште подобро.

Покажаавме одговорност, решителност и визија во решавањето на проблемите на граѓаните и државата.

Од економија во минус, обезбедивме силен економски раст, повисоки плати и рекордно ниска невработеност.

Од изолирана и заробена држава, со граѓани раскарани и поделени по секоја основа, со отворени и нерешени прашања со соседните земји, изградивме држава членка на НАТО, земја преговарач со ЕУ и позитивен пример на Балканот.

Докажавме дека инвестирањето во здравството и економијата, наспроти фрлените пари за споменици и барок, значи инвестирање во здравјето и иднината на граѓаните, што најдобро се покажа за време на здравствената криза со КОВИД-19

Со трите пакети на економски мерки помогнавме да се спасат илјадници работни места, да се зајакне приватната потрошувачката и куповната моќ на граѓаните со ниски примања.

Време е за нови иницијативи на кои се обрзуваме, пред граѓаните, но и пред себеси.

Знаеме дека заедно со граѓаните, можеме да постигнеме уште повеќе и уште подобро.

Имаме понуда со која обезбедуваме успешно справување со последиците на корона кризата, уште посилен економски раст, уште поодговорни институции, уште поизразен напредок, ред, правда и дисциплина.

Нудиме нова македонска развојна економија, со која ги штитиме работните места на граѓаните, генерираме повисоки плати и подобри работни места. Економија што нуди стабилност за нашите деца и идните поколенија.

Почитувани,

Од другата страна е ВМРО-ДПМНЕ, партијата предводена од Христијан Мицкоски, партија без став за ниту едно важно прашање, партијата заглавена во режимската матрица на Никола Груевски, од која ниту сакаат ниту можат да излезат.

Тоа е партија, водена од збунет, неодговорен и незрел политичар, кој не знае економија, кој е посветен само на деструкција и чие однесување е опасност за државата и граѓаните.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ,  напладне глумат загриженост за јавното здравје, а попладне со кршење на мерките и забраните, го загрозуваат здравјето на граѓаните.

Кога е во прашање здравјето на граѓаните,  очигледна е разлика помеѓу одговорниот пристап на СДСМ и лицемерното однесување на Мицкоски, Чулев и ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните ја гледаат и ценат разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и на 15 јули ќе го потврдат исправниот пат по кој чекориме во овие три години.

Прочитајте повеќе

Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

Носителот на листата за пратеници на СДСМ и коалицијата во Изборна единица 4, Венко Филипче …