Талевски: Започна асфалтирањето на патот Лагово-Витолиште, го заживуваме Мариовскиот крај

Талевски: Започна асфалтирањето на патот Лагово-Витолиште, го заживуваме Мариовскиот крај

Миле Талевски – Кандидат за пратеник на СДСМ во И.Е. 4

Почитувани,
Реконструкцијата и рехабилитацијата на патниот правец Лагово-Витолиште, е дел од градежната офанзива која во текот на целата оваа година ја практикуваат Општина Прилеп и Министерството за транспорт и врски.

Патот до Мариово кој е од исклучително значење не само за жителите на овој крај, туку и за голем број граѓани на општина Прилеп кои потекнуваат од овој регион, со години наназад се наоѓаше во очајна состојба.
Целосно руиниран, запуштен и заборавен од претходната локална власт на ВМРО-ДПМНЕ, патот претставуваше огромен проблем за сите граѓани кои во Мариовскиот крај имаат свои имоти и семејни бизниси.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија уште еднаш покажа дека е одговорна партија, која го слуша гласот на народот.
Општина Прилеп заедно со Министерството за транспорт и врски им излегоа во пресрет на барањата на граѓаните кои потекнуваат од Мариовскиот крај.
Од самиот почеток на иницијативата за реконструкција на патот Лагово-Витолиште, како претседател на Советот на општина Прилеп, бев целосно вклучен и посветен во реализацијата на овој исклучително значаен инфраструктурен проект, кој значи живот за Мариовскиот регион.
За таа цел, со средства на Владата во висина од над 650.000 евра, се пристапи кон реконструкција и рехабилитација на патот на потегот од село Штавица, до село Крушејца, во должина од околу 9 километри.
Деновиве започнаа градежните активности за асфалтирање на патот, со што почнува последната фаза од реализацијата на овој капитален проект кој е од витално значење за заживување на Мариово и за развој на туризмот.
Со реконструкцијата на овој патен правец, Мариовскиот регион, како еколошки најчист предел во Европа го правиме достапен за сите љубители на недопрената природа, спортови на отворено и екстремните спортови.
На 15 јули граѓаните избираат продолжување на правиот пат по кој се движиме.
Заедно можеме уште повеќе и уште подобро.
Ви благодарам.

Прочитајте повеќе

Уставниот суд го укина „балансерот“

Уставниот суд го укина „балансерот“

Уставниот суд донесе одлука за укинување на „балансерот“ – алатката за вработување според национална припадност …