Таравари: Бројот на пациенти со ковид е алармантен, вакцинацијата е најмоќното оружје против вирусот

Таравари: Бројот на пациенти со ковид е алармантен, вакцинацијата е најмоќното оружје против вирусот

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари утрово упати апел до граѓаните на внимателност, оценувајќи дека состојбата со коронавирусот стана алармантна.

„Бројот на заразени со Ковид-19 ги надмина болничките капацитети. Делта сојот на овој вирус е многу позаразен, па затоа бројот на пациенти е толку алармантен. Апелирам до сите граѓани да внимаваат максимално, да ги чуваат своите животи и животите на другите. Вакцинацијата е најмоќното оружје со кое можеме да се бориме со овој страшен вирус, покрај потребната дистанца и хигиена“, напиша Таравари на својот фејсбук профил.

Гостивар е меѓу регионите со најголем број на заразени од коронавирус. Со вчерашните нови 138 потврдени случаи, бројот на активни случаи се искачи на 776. Во деновите од викендот, во Гостивар од ковид-19 починаа 5 лица.

Извор: gostivarpress.mk

Прочитајте повеќе

Превозниците бараат преодно решение за влез во Шенген-зоната

Превозниците бараат преодно решение за влез во Шенген-зоната

ЕУ и натаму нема решение за професионалните превозници од регионот, кои се соочуваат со сериозни проблеми поради …