Театар Комедија ја отвора новата сезона

По три седмици пауза, денеска започнуваат да се играат претставите во Театар Комедија.

По заслужениот зимски одмор, вечерва Театар Комедија ги отвора вратите за публиката со изведба на претставата ,,Жена ми се вика Борис“, со што започнува редовниот репертоар за оваа година под наслов ,,Комедија 20 20“.

Освен вечерашната изведба, во јануари публиката ќе може да ги погледне и претставите ,,Жени пред нервен слом“, ,,Стјуардеси“, ,,Боливуд, ,,Вечера за глупаци“, ,,Човек, ѕвер и доблест“, „Не сега, драга“ и ,,Вардарски пастуви“.

Од управата на театарот известуваат дека картите за јануарскиот репертоар, речиси се распродадени.

Прочитајте повеќе

Победник на вечерта: „Опенхајмер“ освои седум Оскари

Филмот „Опенхајмер“ ја оправда фаворитската улога на 96. доделување на најпрестижните филмски награди во светот. …