Театар Комедија со вонредна сцена

Минатата седмица Театар Комедија започна со директни вклучувања на свои содржини. Од институцијата се огласија со соопштение до медиумите:

,,НУ Театар Комедија секојдневно работи на што побрзо отворање на вратите за публиката. Постојано сме во тек со препораките на Комисијата за заразни болести, Владата и на Министерството за здравство, па така и ние постапуваме и ќе постапуваме во согласност со тековните препораки. Месецов решивме да направиме една мала ‘вонредна сцена’, на која актерите ќе настапуваат секој петок. Првиот настап го имаше актерката Жаклина Стевковска, а веќе во петок ќе настапи и актерот Жарко Димоски. Се одлучивме за музички настапи со цел да го разубавиме и да го разведриме секојдневието на публиката. Управата на Театар Комедија веќе работи и на нов план за летниот период“.

Прочитајте повеќе

Победник на вечерта: „Опенхајмер“ освои седум Оскари

Филмот „Опенхајмер“ ја оправда фаворитската улога на 96. доделување на најпрестижните филмски награди во светот. …