Ансамблот на НУ „Театар Комедија“, вечерва премиерно ќе ја изведе претставата „Викенд на мртовци“, работена по текст на Миле Попоски, а во режија на младиот режисер Ѓорѓи Ризески.

Во претставата играат Роберт Ристов, Магдалена Ризова, Столе Мицов,
Жаклина Стефковска, Дритон Вејсели, Мирјана Ристов, Кристина Ласоска, Сашо Ристовски, Жарко Димоски, Едмонд Сотир, Александар Велјановски и Миа Катранџиева.

Сценографијата за претставата е дело на Сергеј Светозарев, костимографијата на Андреј Папаз, а кореографијата на Саша Ефтимова.

Почетокот на претставата е во 20 часот, на сцената на „Театар Комедија“ во Скопје.