Театарската работилница „Прилеп“ гостува во Ниш

Театарската работилница „Прилеп“ гостува во Ниш

На покана на здружението на граѓани „Вардар” од Ниш, Театарската работилница Прилеп и ЦК „Марко Цепенков“ на 12 и 13 септември ќе гостуваaт на Деновите на македонската култура во Ниш.

Гостувањето е со музичко – поетска вечер и монодрамата Delirium tremens од Благоја Ристески Платнар, во режија и изведба на Игор Трпчески и со учество на Димитар Ѓорѓиевски, Менде Костоски, Филип Јездиќ и Томе Темелкоски.

Поетската вечер ќе се одржи во библиотека Стеван Сремац, а претставата ќе биде изведена во Академијата за уметност во Ниш.

Прочитајте повеќе

поточиња 2024

Поточиња викендов седум пати ја наполнија Филхармонија

Новото издание на детскиот фестивал Поточиња кое се одржа викендов во Македонска Филхармонија привлече огромен …