Телефонски разговор на Претседателот Пендаровски со Мирослав Лајчак

Телефонски разговор на Претседателот Пендаровски со Мирослав Лајчак

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари телефонски разговор со Мирослав Лајчак, специјален претставник на Европската Унија за дијалогот Белград – Приштина и други прашања за Западен Балкан.

Во разговорот двајцата соговорници разменија мислења и информации поврзани со актуелните политички состојби во регионот, значењето на регионалната соработка, процесот на проширување на Европската Унија, како и за помошта која Унијата и земјите-членки им ја укажуваат на земјите во регионот во борбата со пандемијата на КОВИД-19.

Претседателот Пендаровски констатираше дека со назначувањето на специјалниот претставник, Европската Унија, по одлуката за отворање на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија испраќа дополнителен позитивен сигнал дека Регионот е меѓу приоритетите на Унијата. 

Претседателот Пендаровски изрази поддршка за мисијата на специјалниот претставник Лајчак и истакна дека придонесот на Европската Унија е повеќе од потребен со цел изнаоѓање прифатливо решение во рамки на дијалогот Белград – Приштина.

На крајот, честитајќи му го неодамнешното назначување на одговорната позиција, претседателот Пендаровски на специјалниот претставник Лајчак му посака успех во работата.

Прочитајте повеќе

Сите македонски претседатели - од Глигоров до Пендаровски

Сите македонски претседатели – од Глигоров до Пендаровски

Од 1991 година досега, петмина претседатели избрани од парламентот и од народот ја имале привилегијата …