Телефонски разговор на Заев и Хан: Институциите да ги расчистат актуелните случаи и без одлагање да ги процесуираат предметите за незаконското прислушување од минатото

Телефонски разговор на Заев и Хан: Институциите да ги расчистат актуелните случаи и без одлагање да ги процесуираат предметите за незаконското прислушување од минатото

Вчера попладне претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев имаше телефонски разговор со комесарот на ЕУ за преговори, добрососедство и проширување, Јоханес Хан.

Во текот на разговорот премиерот Заев го информираше еврокомесарот Хан за напорите и мерките кои Владата активно и интензивно ги презема за борба против корупцијата и организираниот криминал, вклучувајќи го и случајот „Рекет“.

Премиерот Заев ја потврди цврстата одлучност на Владата за целосно и неселективно расчистување на сите случаи на висока корупција уверувајќи го комесарот Хан дека се создадени услови за институциите од судството и обвинителството активно и непречено да се борат против криминалот и корупцијата.

Премиерот Заев и комесарот Хан се согласија дека институциите на системот се должни во брза и ефикасна постапка да ги расчистат актуелните случаи, но и без одлагање да ги процесуираат предметите кои произлегуваат од незаконското прислушување од минатото.

Премиерот Заев и комесарот Хан, исто така заклучија дека мора да продолжат напорите на политичките партии за усвојување на Законот за јавно обвинителство во Собранието на РСМ, како и дека заедничка цел на сите политички фактори треба да биде позитивна одлука за почеток на преговорите на ЕУ со Северна Македонија во октомври оваа година.

Прочитајте повеќе

Студенти

Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“ на МОН. Рокот за продолжување на стипендиите, односно …