Телескопот „Џејмс Веб“

Телескопот „Џејмс Веб“ успешно го постави и својот последен дел во вселената, што е следно?

Во саботата, на 8 јануари, најголемиот телескоп некогаш создаден успешно го расклопи својот последен панел на огледала во вселената, нешто што НАСА го имаше одредено како едно од најсложените расклопувања кога станува збор за технолошко откритие, пренесуваат од space.com.

Тимот кој стои зад „Веб“ сега вниманието го насочува кон својата следна мисија: да го прати телескопот на неговата финална дестинација, односно своето „паркинг место“ наречено Лагранж 2, на 1,5 милиони километри оддалеченост од Земјата. Доколку успее да стигне на одреденото место ќе може да опстои трошејќи многу малку гориво благодарение на речиси совршено усогласената положба близу сонцето, Земјата и месечината.

За „Џејмс Веб“ е предвидено да пристигне на посакуваната локација на 23 јануари, а во следните 15 дена членовите од тимот ќе работат на процесот сите 18 поврзани златни огледала да почнат да функционираат како едно. Лагранж 2 или уште познато и како Л2 е префектното место за телескопот да ја врши својата работа. Поради големото растојание од сонцето и штитникот од сонце ќе снима од темно место без светлина какво што е неопходно за инфрацрвено набљудување. Инфрацрвените бранови должини ќе му овозможат да „погледне“ во внатрешноста на далечните галаксии во потрага да ја разбере вселената и нејзиното евоулирање.

„Џејмс Веб“ за прв пат се лансираше во вселената на 25 декември минатата година. Тој е телескопот со најсофистицираната технологија некогаш смислена и неговата главна мисија е да открие тајни за вселената и нејзиното настанување по Големата експлозија коишто човекот досега не успеал да ги осознае.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

(Видео) Првиот домашен робот Астро не може да чисти, но може да ви донесе пиво додека гледате телевизија

Според најавата на компанијата Амазон роботот Астро првично ќе биде достапен само за ограничен број …