Тендерот за изградба на фотоволатици во РЕК Осломеј е објавен на 26 март и ќе трае до 10 мај

Тендерот за изградба на фотоволатици во РЕК Осломеј е објавен на 26 март и ќе трае до 10 мај

Тендерот за изградба на фотоволтачни централи во РЕК Осломеј е објавен на 26 март и ќе трае до 10 мај, извести денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.

Оттука сите заинтересирани компании ќе може да аплицираат за изградба на првата фотоволтаична централа која ќе се гради на поранешниот искористен рудник за јаглен.

„Процедурата ќе биде транспарентна согласно условите на ЕБОР. Компаниите треба да исполнат два услови технички и ценовен. Во однос на техничката претквалификација, не би требало да претставува проблем, а во однос на цената ќе биде избрана најниската“, појасни Анѓушев.

Инаку, ЕБОР одобри кредит од 5,9 милиони на компанијата за производство на електрична енергија во државна сопственост – ЕЛЕМ, која планира да ја изгради првата поголема плантажа со соларни панели за производство на електрична енергија, која ќе биде изградена на поранешен искористен рудник за јаглен. Останатите средства до 7 милиони евра, ќе бидат обезбедени од ЕЛЕМ.

– Фотволтаиците ќе имаат капацитет на производство на блиску 10 мегавати електрична енергија на годишно ниво и на тој начин ќе се покрива потребата на вкупно 2.000 домаќинства. Со овој проект ЕЛЕМ ќе ги рехабилитира 15 хектари површина која се наоѓа над искористениот рудник со јаглен чии резерви се при крај –  рече Драган Миновски, главен оперативен директор на ЕЛЕМ.

Изградбата треба да почне од септември, а првото производство на струја се очекува на почетокот на следната година.

Според Анѓушев, нема пречка за реализација на оваа инвестиција, бидејќи проектите предвидени во програмата на Владата и почнати пред избори, нема пречка да не бидат релизирани за време на кампањата и претседателските избори.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …