Делчево

Теренски истражувања и анализи во рамките на големиот проект „Водоснабдување на Делчево“

Единицата за управување со проектот „Водоснабдување на Делчево“ денеска го одржа вториот состанок на кој беа потврдени досегашните активности, но и беа дефинирани  идните чекори кои остануваат како обврска на сите чинители во проектот.

Емилија Спировска од фирмата „Хидроенерго инженеринг“ од Скопје, партнер на проектот од Швајцарската компанија ЕБП, е задоволна од динамиката на проектот кој се уште е во почетна фаза и во кој досега сите учесници во проектот, Општина Делчево и ЈПКД „Брегалница“ навреме ги сервисираат обврските по проектот.

-Истражувањата на терен се во поголем дел завршени. Извршено е снимање со нуркачка опрема на акумулацијата Лошана, извршено е мерење на проток и притисок на водата во системот при што е утврдено дека има незначителни загуби на главната линија од браната до прочистителната станица, а исто така, нема загуби на дистрибутивната мрежа меѓу прочистителкната станица и Делчево, истакна Спировска.

Општина Делчево работи на планската документација за прочистителната станица и фотоволтаичната централа, како и за пристапниот пат, а направена е анализа на работите за поврзување на водоснабдителниот систем на селата Габрово, Ѕвегор и Вирче. Исто така, во тек се геодетски снимања на објектите на мрежата и снимање на идентификуваната мрежа.

Во однос на корпоративниот развој, претпријатијата од Делчево, Берово и Пехчево се вклучени во програмата на IAM, а како следен чекор е набавка на хардвер за овие претпријатија и изработка на веб-страница на претпријатието со можност за електронско плаќање.

На состанокот беа потенцирани и активностите поврзани со кампањите за подигање на јавната свест на населението и планираните анкети за јавно мислење.

На состанокот беа дефинирани активностите кои ќе следуваат наредниот период, а се однесуваат на истраги за определување на технолошкиот процес за прочистување на водата, ќе се продолжат геодетските мерења за поврзување на водоснабдителните мрежи, ќе се работи на проекти за инфраструктура и идејни проекти за прочистителна станица, за малата хидроелектрична централа и фотоволтаичната централа.

Вкупната вредност на Проектот „Водоснабдување на Делчево“ изнесува  7,3 милиони швајцарски франци, од кои 6 милиони се донација од Швајцарската Конфедерација, додека приближно 1,3 милиони швајцарски франци се домашна контрибуција на Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Делчево.

Прочитајте повеќе

UltiMATH финале

UltiMATH финалето започна: 350 најдобри средношколци се натпреваруваат за награда од 10.000 евра

Денес започна првиот ден од финалето на UltiMATH, најголемиот натпревар по математика за средношколци во …