Тесна победа на „Самоопределување“ во Косово, но владата ќе биде коалициска

Движењето „Самоопределување“ , прогласи победа на вчерашните предвремени парламентарни избори на Косово, а претседателот на движењето, Албин Курти, објави дека тој ќе биде идниот премиер. Сепак, прелиминарните резултати од преброени речиси 96 отсто ливчиња, покажуваат дека движењето нe освоило доволно гласови за самото да формира влада и ќе мора да прави коалиција.

Самоопределување е во водство пред Демократскиот сојуз на Косово на поранешниот премиер Иса Мустафа само за 0,74 проценти од гласовите.

Оди 95,88 насто ливчиња, Самоопределување има освоено 25,79 отсто, а Демократскиот сојуз на Косово 25,05 отсто. Самоопределување има добиено 197.966 гласови, а ДСК 192.300 гласови. Но тоа не е доволно за движењето да добие мандат за формирање влада.

На трето место е Демократската партија на Косово, а на четврто Алијанса за иднина на Косово на Рамуш Харадинај.

Харадинај и Вејсели го признаа поразот.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Болсонаро се криел во унгарската амбасада во Бразилија откако му бил одземен пасошот

Поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро минатиот месец поминал две ноќи во унгарската амбасада …