Пријавениот изнудувал пари од својата 44 годишна партнерка, заканувајќи ѝ се дека ќе објави нејзини фотографии со експлицитна содржина, ако не му даде пари, наведено е во билтенот на МВР
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ч.Б. (35) од тетовско, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „изнуда“.
„Во текот на 2025 година, пријавениот изнудувал пари од својата 44 годишна партнерка, заканувајќи ѝ се дека ќе објави нејзини фотографии со експлицитна содржина доколку не му даде пари“, наведено е во билтенот на МВР.
По целосно расчистување на случајот, против осомничениот е поднесена соодветна кривична пријава до надлежното јавно обвинителство.
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место