Тетово: Недостигот на учебници им го отежнува образовниот процес на учениците, родителите се принудени на трошоци

Тетово: Недостигот на учебници им го отежнува образовниот процес на учениците, родителите се принудени на трошоци

Учениците од основните училишта се пожалија до Порталб.мк дека немаат учебници за голем број на предмети. Некои од нив, за овој проблем зборуваа и пред камерите

Три недели по почетокот на новата учебна година на учениците во Тетово им недостасуваат многу учебници. Како резултат на институционалното необезбедување на учебниците, родителите го гледаат фотокопирањето како алтернативно решение, но тоа е дополнителен трошок за нив. Учениците и родителите се жалат, бараат да се реши овој проблем. Според општина Тетово во училиштата фалат илјадници учебници, а Министерството за образование демантира, иако фактите од терен даваат една поинаква слика, пишува Порталб.мк.

Учениците од основните училишта се пожалија до Порталб.мк дека немаат учебници за голем број на предмети. Некои од нив, за овој проблем зборуваа и пред камерите.

„Немам учебник по албански јазик, историја и многу други предмети. Од секој учебник треба да правиме фотокопија затоа што се искинати и исшкртани. Ова е голем проблем. Затоа што не можеме да имаме настава без учебници“, вели една ученичка од осмо одделение.

„Немам повеќе од 7-8 учебници. Кога ни ги даваат, кога ги оставаат таму, сите се искинати, исшкртани. Проблем, проблем, без учебници не се учи“, вели еден ученик од шесто одделение.

„Јас сум деветто одделение, ми фалат многу учебници: по албански јазик, физика, хемија, германски, англиски. Тоа е голем проблем“, вели еден ученик од деветто одделение.

Тетово: Недостигот на учебници им го отежнува образовниот процес на учениците, родителите се принудени на трошоци
Основно училиште „Кирил и Методиј“ во Тетово. Фото: Порталб.мк

„Учам економија, ми фалат две учебници, не знам кои, само знам дека ми фалат две“, рече еден ученик.

„Ги немам сите учебници, голем дел од учебниците ми фалат, некои немаат воопшто, некому му фалат неколку. Јас немам учебник по математика, информатика“, изјави една ученичка.

На местата за фотокопирање може да се видат долги редици родители и ученици кои ги фотокопираат учебниците.

Тетово: Недостигот на учебници им го отежнува образовниот процес на учениците, родителите се принудени на трошоци
Родителите се принудени да плаќаат фотокопии на учебниците | Фото: Порталб.мк

Родителите се жалат дека фотокопирањето на учебниците е дополнително оптоварување на нивниот буџет. Пред една фотокопирница во Тетово ја сретнавме Дрита Сулејмани, таа има две деца на училиште, едно во второ и едно во шесто одделение. Таа беше дојдена да направи фотокопии на некои од учебниците што им фалат на нејзините деца.

„Фалат учебници, сѐ почесто правиме фотокопии на учебниците. Учителите се трудат

Тетово: Недостигот на учебници им го отежнува образовниот процес на учениците, родителите се принудени на трошоци
Дрита Сулејмани, родител. Фото: Порталб.мк

преку учениците, по групи да ги испратат задачите. Поминаа две недели и сѐ уште нема учебници. Освен тоа, друг проблем е што трошиме пари. Бараме помош (од надлежните), да се залагаат повеќе за нашите деца. Немаат учебници по албански, немаат по математика, немаат учебници за најважните предмети. По математика и албански постојано имаат задачи, другарите им ги испраќаат во групи. И на ќерка ми ѝ фалат учебниците по албански јазик и по математика“, изјави Дрита Сулејмани.

Во друга фотокопирница во Тетово кратко ни рекоа дека побарувачката за фотокопирање на учебници е голема, а учебниците кои најмногу се фотокопираат се учебниците по странски јазици.

Проблемот со недостигот на учебници го потврди и директорката на ОУ „Кирил и Методиј“ Сихана Каба Касами која рече дека во нивното училиште недостигаат повеќе од 800 учебници. Според неа, оваа отворена рана никако да се излечи.

„Мислам на добри учебници, нови, учебници имаме, но кај повеќето фалат листови од страна 60-70, им ги дадовме на учениците и се правдаме дека имаат учебници, но всушност немаат учебници, затоа што ако учебникот не започнува од корицата, тој веќе не е учебник“, рече Каба Касами.

Тетово: Недостигот на учебници им го отежнува образовниот процес на учениците, родителите се принудени на трошоци
Оштетени учебници за основно образование. Фото: Порталб.мк

Таа рече дека прво, второ и трето одделение обично немаат проблем со недостиг на учебници.

„Доаѓа август, се врши дистрибуција на учебниците за прво, второ, трето одделение и ми се чини дека ги делат учебниците што им се останати во магацините, а не според барањата на училиштата. Најчесто добиваме нови учебници од предметите кои не се толку многу во употреба, а за клучните предмети како албански јазик, математика, историја, наука, од нив веќе имаме недостиг“, рече Каба Касами.

Според неа, најголем проблем со недостигот на учебници се чувствува во четврто и петто одделение.

„За овие две генерации оваа учебна година воопшто не сме добиле учебници. Учениците наидуваат на потешкотии, но и наставниците, бидејќи минатогодишните учебници се речиси сите исшкртани“, рече Каба Касами.

Тетово: Недостигот на учебници им го отежнува образовниот процес на учениците, родителите се принудени на трошоци
Сихана Каба Касами, директорка на ОУ „Кирил и Методиј“. Фото: Порталб.мк

Таа побара од Министерството за образование и наука посериозно да пристапи кон ова прашање.

„Министерката за образование вели дека виновни се директорите, кога ни се обраќаат нас ние велиме дека сме доставиле барање, ние возрасните си играме пинг-понг, секогаш на штета на децата“, изјави Каба Касами.

Таа апелираше оваа грешка да не се повтори следната година, туку учениците да ги имаат учебниците од почетокот на годината.

Од Општина Тетово не успеавме да добиеме конкретна бројка за бројот на учебници кои во моментов фалат во основните и средните училишта бидејќи надлежните за образованието во општината деновиве се на патувања.

Сепак, според она што минатата недела (11.09.2024) го изјавија од општина Тетово, бројот на учебници што недостасуваат во училиштата е околу 20 илјади.

Тетово: Недостигот на учебници им го отежнува образовниот процес на учениците, родителите се принудени на трошоци
Општина Тетово. Фото: Порталб.мк

Но, оваа бројка е неприфатлива за Министерството за образование и наука. Велат дека се неточни информациите дека недостигаат учебници во тетовските училишта.

„Оваа учебна година, согласно барањата на општина Тетово преку електронската апликација за пријавување на потребата за учебници, министерството испорача над 20.000 учебници и 9.000 работни тетратки за сите предмети за кои има одобрени и испечатени текстови“, соопштија од Министерството за образование.

Од МОН нагласија дека во барањето на општината се наведени и учебници и за предмети за кои всушност според Концептот за основно образование не се изработуваат учебници, на пр. ликовно, музичко, физичко образование и сл.

„Како и за странските јазици за кои беше откажана постапката од претходното раководство, таа е во фаза на жалба и по завршување повторно ќе биде објавена. Оттука е информацијата дека во Тетово нема учебници и уште еднаш потврдуваме дека е неточна“, велат од МОН.

Тетово: Недостигот на учебници им го отежнува образовниот процес на учениците, родителите се принудени на трошоци
Министерство за образование и наука. Фото: Порталб.мк

Но, фактите од терен покажуваат дека на учениците им недостасуваат учебници и покрај тоа што Министерството за образование не го признава тоа. Проблемот со недостатокот на учебници е присутен долги години. Во минатото во Тетово учениците протестираа поради недостигот на учебници.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ИН МЕМОРИАМ: Почина Јове Магдески, прилепскиот фудбалски велемајстор

ИН МЕМОРИАМ: Почина Јове Магдески, прилепскиот фудбалски велемајстор

Синоќа во Прилеп на 71-годишна возраст почина Јове Магдески, мајстор на фудбалската игра и еден …