Тевдовски се враќа на Економскиот факултет

Тевдовски се враќа на Економскиот факултет

Драган Тевдовски, кој вчеравечер беше рарешен од Собранието од позицијата министер за финансии, откако беше прифатен предлогот на премиерот Зоран Заев за реконструкција на владата, преку својот Фејсбук-профил објави дека се враќа на академската кариера на Економскиот факултет.

Иако Заев претходно најавуваше дека ќе го задржи Тевдовски како еден од неговите наблиски советници, Тевдовски сепак реши да се врати на факултетот.

„Чест ми е што ја водев најдобрата институција во земјава. Се гордеам што имав одличен тим со кој не се плашев да влезам во ниту една битка. Благодарност до вработените во Министерството за финансии што беспоштедно работеа да ги спроведеме реформите. Најголемата награда за мене за овие две години, доаѓа деновиве кога насекаде граѓани ме застануваат и ми велат: „браво и главата горе”. Тоа е за мене најдобриот начин да се излезе од едно министерство. И затоа со главата горе и целосно посветен се враќам на Економскиот факултет“, напиша Тевдовски.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …